• вторник, 24 декември 2024

Бајиќ: Само комплетни можеме да бидеме конкурентни во евроквалификациите

Бајиќ: Само комплетни можеме да бидеме конкурентни во евроквалификациите
Скопје, 15 јули 2022 (МИА) - Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, истакна денеска дека најважно за успешен настап на „црвено-жолтите“ во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 е да ги има на располагање сите повикани кошаркари. Жрепката што вчера беше извлечена во Минхен одлучи македонските кошаркари да играат во групата Д заедно со селекциите на Словачка, Данска и Норвешка. - Кои се првите впечатоци после жрепката, би рекол доста непознати. Навистина, Словачка ни е добро позната, игравме со нив во минатиот циклус од претквалификациите за Светскиот Куп. За другите две репрезентации може да се каже дека се непознати за нас. Данска имаше некоја улога во претходните квалификации, и доста работи зависат од тоа со каков ростер ќе има нивниот селектор на располагање. Во разговор со некои мои колеги кои имаа прилика да играат против нив, говорат дека се базираат на брза игра, на една брза кошарка, со доста шутеви кон противничкиот кош. Норвешка, исто така доста непозната, но ќе имаме време да се запознаеме и со нив, изјави Бајиќ за официјалниот сајт на кошаркарската федерација. Според него, важна работа е добро да се подготват за првиот „прозорец“. - Да се јават на повикот што поголем број на кошаркари. Односно да бидеме комплетни, затоа што само така, мислам дека можеме да бидеме конкурентни, посочи македонскиот селектор. ег/ар/

Остани поврзан