• сабота, 23 ноември 2024

Бајден ќе побара од Конгресот повеќе од 770 милијарди долари за одбрана, тврдат извори за американски медиуми

Бајден ќе побара од Конгресот повеќе од 770 милијарди долари за одбрана, тврдат извори за американски медиуми
Вашингтон, 16 февруари 2022 (МИА) -  Американскиот претседател Џо Бајден ќе побара од американскиот Конгрес буџет за одбрана за следната фискална година од повеќе од 770 милијарди долари, бидејќи Пентагон сака да ја модернизира војската, тврдат извори вклучени во преговорите за американски медиуми. Новиот буџет би можел да го надмине оној што го побара поранешниот претседател Доналд Трамп. Секретарот за одбрана Лојд Остин и Канцеларијата за менаџмент и буџет се договорија буџетот за одбрана за следната фискална година, која започнува на 1 октомври, да биде повеќе од 770 милијарди долари, велат изворите. Но, точната сума се уште се дискутира пред да биде испратено официјално барање до Конгресот. Белата куќа одговори на барањето на Пентагон за поголем буџет минатата недела, а нејзините бројки се повеќе или помалку во согласност со оние наведени од Лојд Остин, велат извори кои сакаа да останат анонимни. Меѓу приоритетите на новиот буџет се изградба на бродови, развој на вселенска програма и модернизација на подморници со балистички ракети, бомбардери и копнени проектили, изјави еден извор. Друг извор наведува дека модернизацијата на нуклеарната програма е неизбежна поради плановите на Пентагон да продолжи да инвестира во истражување и развој на нуклеарно оружје за да може САД да бидат подготвени за идни потенцијални конфликти со Кина и Русија. „Благодарение на плафонот над 770 милијарди долари, администрацијата нема да биде принудена да прави тешки буџетски компромиси“, рече Тод Харисон, директор за анализа на буџетот за одбрана во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон. Харисон додава дека Пентагон има простор за покачување и финансирање на програмите за модернизација на оружјето, особено во областите на нуклеарната модернизација, вселената, командата и ракетната одбрана. Буџетот за одбрана составен за време на минатата година на Трамп во Белата куќа беше 752,9 милијарди долари. Конгресот потоа го зголеми тој број за 25 милијарди долари, за на крајот да достигне 778 милијарди долари за фискалната 2022 година. зш/

Остани поврзан