• вторник, 17 декември 2024

Бајден ја номинираше адмирал Лиза Франчети за прва жена на чело на американската морнарица

Бајден ја номинираше адмирал Лиза Франчети за прва жена на чело на американската морнарица

Вашингтон, 22 јули 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден вчера ја номинираше адмирал Лиза Франчети за командант на морнарицата, потег што треба да ги укине родовите бариери во американската војска и да ја направи Фрачети првата жена што командувала со морнарицата и станала член на Генералштабот на армијата.

Одлуката на Бајден беше изненадувачка. Официјални лица на Пентагон очекуваа дека Бајден за таа функција ќе го номинира Самуел Папара, кој командува со морнарицата во Пацификот и има искуство со растечките предизвици што им ги поставува Кина на САД.

Меѓутоа, Франчети, актуелниот заменик-началник за поморски операции, беше меѓу кандидатите за кои се верува дека се во трка за функцијата.

Во соопштението за медиумите, Бајден истакна дека Франчети има 38-годишно искуство. „Во текот на нејзината кариера, адмиралот Франчети покажа голема експертиза и на оперативната и на политичката сцена“, рече Бајден, додавајќи дека таа е само втората жена во историјата што го добила чинот адмирал со четири ѕвезди во американската морнарица.

Сепак, Франчети не е првата жена која раководи со еден од родовите на американската војска. Минатата година Бајден ја номинираше адмирал Линда Фаган за шеф на американската крајбрежна стража.

Но, крајбрежната стража официјално не е дел од Министерството за одбрана, туку потпаѓа под Министерството за домашна безбедност. Затоа Франчети ќе стане првата жена што ќе раководи со род на војската под Министерството за одбрана. сд/

Остани поврзан