• среда, 25 декември 2024

Бајден со сојузниците преку видеоповик ќе разговара за ситуацијата во Украина

Бајден со сојузниците преку видеоповик ќе разговара за ситуацијата во Украина
Вашингтон, 19 април 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден планира денеска да одржи разговор со сојузниците околу украинската криза. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден, преку видеоповик, со сојузници и партнери ќе разговара за континуирана поддршка за Украина, како и за напорите Русија да се прогласи за одговорна. Медиуми пишуваат дека на средбата ќе дебатираат лидери на Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Италија, Полска, Романија, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Американскиот претседател Џо Бајден моментално не планира да ја посети Украина и покрај апелот од украинскиот колега Володимир Зеленски. Но, Бајден планира да одржи состанок со сојузниците, во врска со украинската криза, соопшти Белата куќа во текот на вчерашниот ден. бд/ссм/

Остани поврзан