Бајден: САД се подготвени за дипломатија, но и за други сценарија
- Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин изјави дека ако Русија ја нападна Украина, САД заедно со сојузниците и партнерите ќе одго
Вашингтон, 12 февруари 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин изјави дека ако Русија ја нападна Украина, САД заедно со сојузниците и партнерите ќе одговори со санкции против Москва.
- Ако Русија преземе понатамошна инвазија врз Украина, САД заедно со сојузниците одлучно ќе одговори и ќе воведе брзи и тешки санкции против Русија, истакна Бајден.
Тој повтори дека руската инвазија врз Украина ќе предизвика страдање и ќе го намали угледот на Русија.
Бајден додаде дека кризата може да се реши по дипломатски пат, во целосна координација со сојузниците и партнерите, како и дека се подготвени и некои други сценарија.
Кремљ се уште нема објавено детали од речиси едночасовниот телефонски разговор Путин - Бајден. ми/