• вторник, 19 ноември 2024

Бајден: САД не се во рецесија 

Бајден: САД не се во рецесија 

Вашингтон, 28 јули 2022 (МИА)  - Во говор даден денеска во Белата куќа, претседателот Џо Бајден ги отфрли тврдењата дека САД се наоѓаат во рецесија. 

Најнов владин извештај на Бирото за економска анализа при Министерството за комерција посочува дека економијата на САД второ тримесечје по ред забележала пад на бруто домашниот производ, ова тримесечје БДП е минус 0.9 отсто, со што според економистите тоа е знак дека земјата се наоѓа во рецесија. 

Бајден посочи на растот на вработеноста и позитивните бројки во производството и дека америкаснката економија се наоѓа на исправен пат

-Ова не ми личи на рецесија, изјави тој. 

Во меѓувреме, Претставничкиот дом има намера да изгласа закон, силно поддржан од Бајден, за субвенции во висона од 52 милијарди долари за домашните производители на полупроводници и милијарди долари инвестиции во научно-технолошки иновации, со намера да ја засили конкурентноста на САД со Кина и други земји. 

Сенатот го одбори „законот за чипови“ вчера, а сега расправа за усвојување на посебен економски пакет идната недела со цел намалување на здравствените трошоци, борба со климатските промени и намалување на федералниот дефицит. 

Бајден претходно рече дека законот е далеку од совршен, но истакна дека ќе ги овозможи долгоочекуваните инвестиции и ќе помогне во намалување на инфлацијата. кб/ 

Остани поврзан