• сабота, 21 декември 2024

Бајден: Пандемијата на невакцинираните мора да престане, невакцинираните ја загрозуваатт економијата

Бајден: Пандемијата на невакцинираните мора да престане, невакцинираните ја загрозуваатт економијата
Вашингтон, 14 септември 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека невакцинираните Американци прават „голема штета“ на земјата - ја загрозуваат нејзината економија и го забавуваат закрепнувањето, јави Ен -Би -Си. „Одбивањето да се вакцинираат не чини сите многу скапо“, изајви Бајден, додавајќи дека продолжува со задолжителна вакцинација секаде каде што може, и веќе бара две третини од американските работници да бидат вакцинирани. Бајден, исто така, истакна дека здравствените агенции, заедно со владата, се обидуваат да ја прошират програмата за трета доза и на крајот ќе дозволат таа да се администрира на пошироката јавност. Бајден ги повикува Американците да примат трета доза, велејќи дека истото ќе го стори и тој наскоро. - Ако ја примивте вакцината на Фајзер во јануари, февруари, март оваа година и имате над 65 години, одете да земете бустер, рече Бајден. -Или ако имате болест како дијабетес или сте работник во првата линија, како здравствен работник или наставник, сега можете да добиете бесплатна трета доза. Ќе ставам трета доза, тешко е да се признае дека сум над 65 години, но ќе примам бустер доза. зш/

Остани поврзан