• сабота, 28 декември 2024

Бајден очекува „остра конкуренција“ со Кина, а не конфликт

Бајден очекува „остра конкуренција“ со Кина, а не конфликт
Вашингтон, 7 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден очекува американското ривалство со Кина да има форма на „жестока конкуренција“, наместо конфликт меѓу двете светски сили. Изјавата ја даде за време на интервју за Си Би Ес, емитувано денеска. Шефот на Белата куќа изјави дека не разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг откако стана претседател на САД. -Тој е многу тежок и тврдоглав. Тој нема, и не го кажувам ова како критика, туку како реалност - тој нема демократска, со мало „д“ коска во неговото тело, рече Бајден. ссм/

Остани поврзан