• среда, 25 декември 2024

Бајден и Си Џинпинг телефонски разговараа прв пат од ноември, објавија кинеските државни медиуми

Бајден и Си Џинпинг телефонски разговараа прв пат од ноември, објавија кинеските државни медиуми

Пекинг, 2 април 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг разговараа денеска по телефон за прв пат од ноември, кога се сретнаа во Калифорнија, јавија кинески државни медиуми.

Кинеската државна телевизија објави дека двајцата лидери разговарале за нивните ставови за односите меѓу САД и Кина, како и за прашања од заеднички интерес.

Разговорот меѓу двајцата се одржа во услови на зголемени тензии во Јужното Кинеско Море, како и пред инаугурацијата на новиот претседател на Тајван следниот месец. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан