• среда, 27 ноември 2024

Бајден го промовира планот за голем развој на инфраструктурата во САД 

Бајден го промовира планот за голем развој на инфраструктурата во САД 

Вашингтон, 31 март 2020 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден вечерва во Питсбург, Пенсилванија ќе го презентира планот за инвестиции во различни инфраструктурни проекти во висина од 2.25 трилиони долари.  

Се планира парите да се потрошат во наредните осум години за развој на транспортоѕ, комуналните услуги, индустриско производство и останато. 

Најзначајните инвестиции, во висина од 650 милијарди долари, ќе бидат насочени на модернизација на транспортната инфраструктура. Ќе бидат обновени и модернизирани повеќе од 30.000 километри магистрални патишта, 10.000 мостови, дел од парите се за програми за безбедност во патниот сообраќај за пешаците и возачите, како и развој на јавен превоз. За развој на пазарот на електроавтомобили ќе бидат издвоени 174 милијарди долари, вклучувајќи и даночни повластици за купувачите на електровозила и развој на мрежа на станици за нивно полнење. 

Околу 400 милијадри долари се издвоени за таканаречената економија на грижата: за зголемени услуги за грижа на постарите лица и хендикепираните, како и зголемување на платите на социјалните работници кои работат во таа гранка. 

Повеќе од 300 милијарди долари ќе бидат потрошени за подобрување на инфраструктурата на станбените површини, вклучително и пристап до чиста вода, електрично снабдување, широкопјасен интернет и др. Уште 300 милијарди долари се планирани за поддршка на индустријата, вклучувајќи развој на полупроводници, инвестиции во иновации и др. 

Планот е втора голема програма предложена од претседателот Џо Бајден после успешно реализираните мерки за борба со пандемијата и економска помош на населението настрадано од Ковид-19, во висина од 1.9 трилиони долари. 

Сегашниот план се очекува да се судри со поактивен отпор во Конгресот бидејќи на републиканците не им се допаѓа моментот што Бајден го напомена веќе неколку пати, дека за реализација на планот ќе треба да се зголемат даноците. Според првичните проценки, за реализиција на големиот инфраструктурен план потребно е зголемување на данокот за корпорациите од 21 отсто на 28 отсто, зголемување на данокот на доход од странски бизнис активности и зголемување на други даноци. кб/ сд/

Остани поврзан