• петок, 27 декември 2024

Бајден го поддржа договорот што им дозволува на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО

Бајден го поддржа договорот што им дозволува на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО

Вашингтон, 29 јуни 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден го поддржа договорот што ќе им овозможи на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО и помогна да се постигне договор зад кулисите на преговорите на нордиските земји со Турција, изјави висок американски претставник.

Турција престана да се противи на влезот на Финска и Шведска во НАТО пред годишниот самит на Алијансата во Мадрид. Официјалниот претставник рече дека Бајден претходно во вторникот разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за НАТО на барање на двете земји.
Тој рече дека договорот ќе овозможи проширување на 30-члената алијанса и претставува „значајна промена во безбедноста“. Турција не инсистираше нејзините барања за напредни американски воени авиони да бидат вклучени во преговорите, рече претставникот. Бајден и Ердоган се очекува да се сретнат на маргините на самитот. паг/

Остани поврзан