• среда, 25 декември 2024

Бајден ги отфрли тврдењата дека шесте милијарди долари одмрзнати ирански пари отишле за помош на Хамас 

Бајден ги отфрли тврдењата дека шесте милијарди долари одмрзнати ирански пари отишле за помош на Хамас 

Вашингтон, 9 октомври 2023 (МИА) - Државниот секретар Ентони Блинкен ги негираше  тврдењата дека парите што неодамна беа одмрзнати за Иран биле пренасочени како помош за ненадејните напади на Хамас во Израел, забележувајќи дека тие пари се уште не се потрошени и дека можат да се употребат само во хуманитарни цели. 

-Ниту еден долар од таа сметка всушност се уште не е потрошен, изјави Блинкен синоќа за телевизијата Еј-Би-Си. 

„Како и да било, тие се грижливо и тесно регулирани од Министерството за финансии за да се осигура дека се употребени само за храна, за лекови и лекарска опрема“, додаде тој. 

Портпаролот на Хамас, милтантната група која стои зад нападите, ијзави дека за да се изведе нападот тие примиле директна помош од Иран. Блинкен го осуди Иран за неговото постојана подршка за Хамас, истакнувајќи дека Иран се уште не ги употребил парите што неодамна станаа достапни. 

Администрацијата на Бајден минатиот месец го извести Конгресот дека на банките ќе им биде дозволено да извршат трансфер на шест милијарди долари замрзнати ирански пари како дел од договор за размена на пет американски државјани кои беа во заточеништво во Иран со пет ирански државјани задржани од САД. Според договорот, парите беа префрлени од Јужна Кореја до Катар и можат да бидат употребени само за хуманитарни цели. 

Јужна Кореја ги има овие средства откако администрацијата на Доналд Трамп во 2018 година дозволи таа да купи нафта од Техеран. Но исплатата беше замрзната откако во 2019 година САД ги затегнаа санкциите против Иран. кб/ сд/

Остани поврзан