• вторник, 27 август 2024

Бајден: Време е да се стави крај на најдолгата американска војна

Бајден: Време е да се стави крај на најдолгата американска војна
Вашингтон, 14 април 2021 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека американските војници ќе почнат да се повлекуваат од Авганистан на 1 мај, а процесот ќе заврши пред 11 септември. - САД го почнуваат своето конечно повлекување на 1 мај оваа година. Нема да брзаме. Ќе го направиме тоа одговорно, со намера и безбедно и во целосна координација со нашите сојузници и партнери, кои сега имаат повеќе сили во Авганистан од нас, рече Бајден. Тој додаде дека за својата одлука разговарал со поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш. јт/

Остани поврзан