• сабота, 23 ноември 2024

Баша: Нашата битка не е со Социјалистите, туку против малцинството што ја зароби државата

Баша: Нашата битка не е со Социјалистите, туку против малцинството што ја зароби државата
Тирана, 28 август 2021 (МИА) - Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша, реагираше на изјавата на неговиот опонент Еди Рама, лидер на владејачките социјалисти и премиер, кој повторно ја покани неговата партија на соработка. Баша му порача дека нивната битка не е против Социјалистичката партија, туку против корумпираното малцинство што ја „заробило државата“. Во објавата на социјалните мрежи, Баша, додава дека Албанците се свесни за неуспесите на Рама, дека меѓународните извештаи ја разоткриваат неговата алчност и дека никој не е измамен со повторените стари говори на оној што ги осиромашил албанските семејства. - Нашата битка и борбата на албанското општество не е против Социјалистичката партија, туку против корумпираното малцинство што ја зароби државата и ја ограби со мал број луѓе, со кои масакрира избори, ја криминализира политиката и ја уништува економијата. Албанците ги знаат неуспесите, меѓународните извештаи ја открија нивната алчност, никој не се лаже со повторување на старите говори на оној што ги осиромаши албанските семејства и расели половина милион Албанци, наведе Баша. „Пред овој режим“, додаде Баша, „имаме граѓанска должност да се обединиме и да работиме за враќање на демократијата и легитимитетот во земјата“. - Граѓанската платформа за демократија ќе ги обедини сите живи сили на општеството што ги сакаат промените и се решени да ја спасат земјата од владеењето на малцинството, кое ја држи нивната иднина во заложништво, посочува тој. Рама, претходно ја повтори поканата до демократите за соработка и покрај, како што рече, нивната реторика и постапки. - Нашата рака за соработка за ПД ќе биде подадена безусловно без оглед на однесувањето, реториката или постапките на нашите ривали. Вербалниот конфликт повеќе не треба да биде клучниот збор на политичкиот и парламентарниот живот. Затоа ние мора да се промениме во овој поглед, независно од нивното однесување кое ги доведе до јамата каде што паднаа. Многу е лесно да се каже, многу тешко е да се направи, рече меѓу другото Рама. вт/ми/

Остани поврзан