Бахчели: Турскиот судски систем е објективен и независен
- Лидерот на Партијата за националистичка акција и главен политички сојузник на претседателот Ердоган, Девлет Бахчели, изјави дека судскиот систем во Турција е објективен и независен, коментирајќи го притворот на градоначалникот на Истанбул и други функционери на опозициската Републиканска народна партија, пишува весникот „Турција“.

Анкара, 19 март 2025 (МИА) - Лидерот на Партијата за националистичка акција и главен политички сојузник на претседателот Ердоган, Девлет Бахчели, изјави дека судскиот систем во Турција е објективен и независен, коментирајќи го притворот на градоначалникот на Истанбул и други функционери на опозициската Републиканска народна партија, пишува весникот „Турција“.
„Турција е земја во која владее правото. Означувањето законска мерка како 'пуч' и подготовката за протести против оваа мерка е еднакво на политичка корупција која ги надмина разумните и морални нивоа. Никој не е недопирлив“, рече Бахчели, опишувајќи го турскиот судски систем како објективен, независен и непристрасен.
„Имам целосна доверба во турскиот судски систем“, додаде Бахчели на крајот од својот говор.
Бахчели му подари „маслиново гранче“ на курдскиот бунтовнички водач Абдула Оџалан минатиот октомври, повикувајќи го да се откаже од вооружениот отпор и да ја распушти Курдистанската работничка партија. паг/
Фото: Фејсбук