• вторник, 24 декември 2024

Бахреин ќе ги нормализира односите со Израел

Бахреин ќе ги нормализира односите со Израел
Вашингтон, 11 септември 2020 (МИА) – Бахреин стана последната арапска држава што се согласи да ги нормализира односите со Израел, како дел од пошироката дипломатска кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација за целосно интегрирање на еврејската држава во Блискиот исток. Трамп денеска го најави договорот по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и кралот на Бахреин Хамад бин Иса Ил Калифа. Тројцата лидери издадоа и куса заедничка изјава со која го потврдија договорот. јт/

Остани поврзан