Бахреинската компанија „Бапко Енерџис“ соопшти дека избувнал пожар во резервоар во еден од нејзините складишта по ирански напад
- Државната нафтена компанија на Бахреин „Бапко Енерџис“ денеска соопшти дека избувнал пожар во резервоар во еден од нејзините складишта по ирански напад.
Манама, 5 април 2026 (МИА) - Државната нафтена компанија на Бахреин „Бапко Енерџис“ денеска соопшти дека избувнал пожар во резервоар во еден од нејзините складишта по ирански напад.
Компанијата соопшти дека нема извештаи за повредени.
Пожарот е изгаснат и штетата се проценува, соопшти „Бапко Енерџис“. мс/
фото: Википедија