• среда, 27 ноември 2024

Батшуаи се врати во Кристал Палас

Батшуаи се врати во Кристал Палас
Лондон, 10 септември 2020 (МИА) - Белгискиот фудбалер Мичи Батшуаи следната сезона ќе игра за Кристал Палас како позајмен играч од Челси. Така Батшуаи се враќа во „Селхерст Парк“, каде постигна шест гола на 13 натпревари за време на претходната позајмица, во втората половина на сезоната 2018/19. 26-годишниот напаѓач пристигна во Челси во 2016 година од тимот на Марсеј кога потпиша петгодишен договор. Покрај првиот заем во Палас, тој беше на позајмица во Борусија Дортмунд и Валенсија. Кристал Палас ќе има опција да го откупи договорот на крајот на сезоната.

Тагови

Остани поврзан