• петок, 26 јули 2024

Баскет Кам утре го пречекува Партизан во Ваба-лигата

Баскет Кам утре го пречекува Партизан во Ваба-лигата
Македонска Каменица, 15 март 2022 (МИА) - Женската екипа на Баскет Кам во рамки на последниот натпревар во Ваба-лигата утре го пречекува белградски Партизан. Натпреварот е закажан со почеток од 17 часот, во спортската сала во Македонска Каменица. - Тимот е целосно подготвен за утрешниот натпревар, во одлична форма и сите поединци се мотивирани во оваа пресметка со моќниот Партизан да донесат радост за каменичката публика, која ќе може да го следи натпреварот според пропишаните Ковид протоколи, се вели во најавата на домашната екипа оред почетокот на овој натпревар, напоменувајќи дека ова е огромен успех на екипата во премиерниот настап во ова европско натпреварување. Во јадранската лига ЖКК Баскет Кам и белградски Партизан водат директна борба за 9. место од системот за разигрување за конечен пласман на табелата, што навестува голема борба од страна на двете екипи. Влезниците за овој натпревар чинат 500 денари и можат да се купат пред почетокот на натпреварот. вс/

Остани поврзан