• петок, 05 декември 2025

Баскет Кам по четврти пат во низа го освои шампионски трофеј

Баскет Кам по четврти пат во низа го освои шампионски трофеј

Скопје, 22 мај 2025 (МИА) – Со чисти 3:0 во финалната серија од плејофот, кошаркарките на Баскет Кам беа подобри од Крива Паланка и станаа шампионки на Македонија четврти пат во низа.

Тимот од Македонска Каменица синоќа како гостин ја совлада Крива Паланка со 67:49.

Најефикасна на натпреварот беше Ивана Кметовска со 28 постигнати поени.

Во домашниот состав се истакна Робинсон со 23 поени. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан