• среда, 04 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бартомеу конечно поднесе оставка

Бартомеу конечно поднесе оставка
Барселона, 27 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу ја напушти функцијата, објавија шпанските медиуми. Шефот на каталонскиот клуб долго време одбиваше да поднесе оставка, но денес тоа го стори заедно со другите директори на клубот. Одлуката е донесена по итен состанок на раководството. Доаѓа само еден ден по изјавата на Бартомеу дека не гледа добра причина за оставка.

Тагови

Остани поврзан