• сабота, 23 ноември 2024

Бартомеу излезе од притвор

Бартомеу излезе од притвор
Барселона, 2 март 2021 (МИА) - Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу, кој беше уапсен вчера како дел од истрагата за корупција во фудбалскиот клуб, е привремено ослободен од притвор, објави „Марка“. Бартомеу и неговиот советник Жауме Масфер беа изведени пред судијата како осомничени за случајот „отворен во мај 2020 година, поврзан со лошо управување со имот и деловна корупција“. Двајцата приведени го искористија своето право да молчат, а судијата одлучи привремено да ги ослободи. Според истрагата, Бартомеу склучувал трансакции во име на клубот со цел да добие личен профит. Бартомеу се повлече од функцијата претседател на Барселона во октомври 2020 година. зс/

Остани поврзан