Барселона ќе му го продолжи договорот со Араухо до 2026 година
- Барселона се договори со Роналд Араухо за нов договор. Важноста на новиот договор се пресметува до 30 јуни 2026 година.
Барселона, 26 април 2022 (МИА) - Барселона се договори со Роналд Араухо за нов договор. Важноста на новиот договор се пресметува до 30 јуни 2026 година.
Договорот предвидува клаузула за предвремен раскин во износ од една милијарда евра - како кај Ансу Фати и Педри.
Официјалното потпишување на новиот договор ќе се одржи во петок на 29 април на стадионот „Камп Ноу“.
Претходниот договор на Уругваецот со клубот беше со важност до летото 2023 година.
Дваесет и тригодишниот централен бек оваа сезона забележа 39 настапи за каталонскиот клуб во сите натпреварувања и постигна четири гола. зс/