• среда, 27 ноември 2024

Барселона ќе мора да му плати на Ливерпул пет милиони евра, доколку Кутињо ја освои ЛШ

Барселона ќе мора да му плати на Ливерпул пет милиони евра, доколку Кутињо ја освои ЛШ
Ливерпул, 15 август 2020 (МИА) - Германскиот шампион Баерн Минхен го декласира тимот на Кике Сетиен, кој најверојатно ќе биде отпуштен од работа, а Барселона ќе доживее трансформација. Барса потроши 1,07 милијарди евра на трансфери во последните пет години, но тие играчи не го донесоа очекуваниот европски резултат. Најголемото разочарување е секако Филипе Кутињо, кој пристигна од Ливерпул летото 2018 година за огромни 120 милиони евра. Со бонусите, трансферот би можел да достигне 160 милиони евра, а Шпанците веќе платија 15 милиони евра бонуси заради разни клаузули. Пет откако Кутињо одигра 25 натпревари за Барселона и десет поради тоа што Барселона влезе во ЛШ. Во низата клаузули во договорот за трансферот на Кутињо се наведува и дека Барселона ќе му плати на Ливерпул пет милиони евра доколку Бразилецот ја освои Лигата на шампионите. Но, шпанските медиуми пишуваат дека клаузулата важи само за играчот, а не за играчот и клубот за кој игра. Така, Кутињо покрај двата гола што ги постигна, дополнително ќе го засили и својот матичен клуб доколку победи во ЛШ со Баерн. Тој досега има одиграно 76 натпревари за Барселона, а доколку запише 100 настапи, Барселона ќе му должи на Ливерпул уште 20 милиони евра.

Остани поврзан