• петок, 08 ноември 2024

Барселона ќе бара 100 милиони евра за Де Јонг доколку не го продолжи договорот

Барселона ќе бара 100 милиони евра за Де Јонг доколку не го продолжи договорот

Барселона, 14 февруариа 2024 (МИА) - Барселона ја одреди сумата за обештетување во случај на предвремен раскин на договорот на Френки де Јонг.

Пред три месеци каталонскиот клуб му понудил на играчот од средниот ред продолжување на договорот до 2029 година без намалување на платата, но досега нема одговор. Доколку Де Јонг одбие да го обнови договорот, кој важи до 2026 година, тој ќе биде продаден на крајот на тековната сезона.

Според „Мундо Депортиво“, доколку решат да го продадат Френки, Барса од потенцијалниот купувач ќе бара околу 100 милиони евра. Оваа сума се смета за адекватна, со оглед на трансферите на Мојсес Каиседо (115 милиони евра) и Енцо Фернандез (121 милиони евра) во Челзи.

Каталонците сметаат дека доколку не се продолжи договорот, ќе има побарувачка за Де Јонг, особено од англиски клубови.

Во тековната сезона Де Јонг забележа 23 настапи за Барселона во сите натпреварувања, постигна еден гол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан