• вторник, 24 декември 2024

Барселона сакаше да го изнајми Анхелињо, фудбалерот реши да се врати во Лајпциг

Барселона сакаше да го изнајми Анхелињо, фудбалерот реши да се врати во Лајпциг
Барселона, 24 октомври 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер Сити, Анхелињо е на позајмица во Лајпциг. Летото тој имаше опција да оди во Барселона, но тој реши да се врати во Германија за уште една година, пишува „ El Mundo Deportivo“. Минатата сезона Анхелињо учествуваше на 13 натпревари од германскиот шампионат, постигна еден гол и даде две асистенции. Манчестер сити го проценува својот фудбалер на 30 милиони евра, додека „Transfermarkt com“ го проценува играчот на 20 милиони евра. зс/

Остани поврзан