Барселона преговара со Парти
- Шпанскиот фудбалски првак Барселона почна преговори со играчот од средниот ред на Арсенал Томас Парти (31), објавија денеска британските медиуми.
Лондон, 2 јуни 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски првак Барселона почна преговори со играчот од средниот ред на Арсенал Томас Парти (31), објавија денеска британските медиуми.
Доколку двете страни постигнат договор, Барселона би можела без обесштетување да го ангажира Парти, бидејќи неговиот договор со лондонскиот клуб истекува на крајот на овој месец.
Парти во Арсенал пристигна пред пет сезони од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 50 милиони евра.
Според британските медиуми, Парти би сакал да остане во редовите на Арсенал, но не е подготвен да се согласи на намалување на платата и затоа нема напредок кога станува збор за нов договор со лондонскиот клуб.
Исто така, постои можност кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. ег
ФОТО: ЕПА