Барселона на домашен терен загуби од Лас Палмас
- Барселона загуби на домашен терен од Лас Палмас во денешниот натпревар од 15. коло на шпанската Ла Лига - 1:2.

Барселона, 30 ноември 2024 (МИА) - Барселона загуби на домашен терен од Лас Палмас во денешниот натпревар од 15. коло на шпанската Ла Лига - 1:2.
Голот за домаќините го постигна Рафиња. Сандро Рамирез и Фабио Силва погодија за гостите.
Барселона ја продолжи серијата без победа во шпанското првенство на три натпревари - два пораза и едно реми.
На табелата во Примера водат Каталонците со 34 бодови. Реал Мадрид има 30 бода и два натпревари помалку.
Лас Палмас е на 14. место со 15 бодови. зс/
Фото: ЕПА