• сабота, 27 јули 2024

Барселона и Лече се договорија за позајмица на Умтити

Барселона и Лече се договорија за позајмица на Умтити
Рим, 25 август 2022 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити наскоро ќе се пресели во Лече, објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Клубовите се договориле за позајмица на 28-годишниот Французин до 2023 година. До крајот на неделата дефанзивецот ќе биде на лекарски преглед во Италија, по што трансферот ќе биде комплетиран. Претходно каталонскиот клуб го продолжи договорот со Умтити до 30 јуни 2026 година и му ја намали платата. зс/

Остани поврзан