• вторник, 26 ноември 2024

Барселона е подготвена да се натпреварува за потписот на Халанд во 2025 година

Барселона е подготвена да се натпреварува за потписот на Халанд во 2025 година

Барселона, 27 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд може да ја продолжи кариерата во Барселона, пишува „Мундо Депортиво“.

Каталонците продолжуваат да се интересираат за 23-годишниот Норвежанец. Барса има намера да ги реши финансиските проблеми до 2025 година, што ќе му овозможи на клубот да потроши значителни средства за купување на Халанд. 

Од друга страна, заминувањето на напаѓачот од Манчестер сити може да му помогне и на англискиот клуб да избегне санкции за прекршување на финансискиот фер плеј.

Самиот Халанд изјави дека не би имал ништо против да се пресели во Барселона, вклучително и да му се спротивстави на Реал Мадрид по евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе.

Оваа сезона Халанд одигра 34 натпревари на кои постигна 29 гола и шест асистенции. 

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан