• понеделник, 16 декември 2024

Барселона го регистрираше Дани Олмо

Барселона го регистрираше Дани Олмо

Барселона, 26 август 2024 (МИА) - Ла Лига конечно ја потврди регистрацијата на Дани Олмо од Барселона, што значи дека сега може да игра за тимот. Веста ја пренесоа голем број медиуми во Шпанија.

Сето ова беше одложено бидејќи клубот немаше резервни средства од вкупната сметка за плати. На крајот, трансферите на Клемент Ленгле (позајмица во Атлетико Мадрид) и Витор Роке (позајмица во Бетис) објавени денеска го олеснија процесот, но повредата на Андреас Кристенсен се покажува како клучна. Репрезентативецот на Данска ќе отсуствува околу 2 месеци, што според прописите на Ла Лига автоматски ја одзема неговата плата од сумата.

Засега регистрацијата на Олмо е привремена - само до 31 декември, што значи дека после тоа клубот ќе мора да бара начин да го врати на списокот. Се очекува тој да дебитира против Рајо Ваљекано во вторник навечер.

Европскиот шампион беше привлечен од РБ (Лајпциг) за 55+7 милиони евра. дс

Фото: Фејсбук/Барселона

Остани поврзан