• недела, 22 декември 2024

Барселона го продолжи договорот со Бернал

Барселона го продолжи договорот со Бернал

Барселона, 1 октомври 2024 (МИА) - Барселона му го продолжи договорот со дефанзивецот Марк Бернал.

Новиот договор на фудбалерот е со важност до крајот на јуни 2026 година со можност за продолжување на уште три години откако играчот ќе наполни 18 години.

Висината на обесштетувањето наведена во договорот е 500 милиони евра.

Бернал потекнува од фудбалската школа на каталонскиот клуб. Тековната сезона, 17-годишниот Шпанец одигра три натпревари.

Фудбалерот моментално закрепнува од скинати вкрстени лигаменти на коленото. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан