• среда, 25 декември 2024

Барселона во мај за првпат ќе гостува во Австралија

Барселона во мај за првпат ќе гостува во Австралија
  Барселона, 7 април 2022 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона по завршувањето на оваа сезона прв пат во својата историја ќе одигра натпревар во Австралија. Како што е соопштено, Барселона на Олимпискиот стадион во Сиднеј, на 25 мај, ќе ги одмери силите против „Ол-стар“ тимот составен од фудбалери од австралиската А-лига. Сезоната во Шпанија завршува на 22 мај, додека „Големото финале“ во австралиската А-лига е на програмата на 28 идниот месец. ег/

Остани поврзан