• сабота, 23 ноември 2024

Барние на средбата со Макрон изнесе предлог за состав на новата влада

Барние на средбата со Макрон изнесе предлог за состав на новата влада

Париз, 20 септември 2024 (МИА) - Новоизбраниот француски премиер Мишел Барние синоќа имаше средба со претседателот Емануел Макрон и го претстави предлогот за состав на новата влада.

Барние предложи назначување на секретарот за европски прашања Жан-Ноел Баро на позицијата министер за надворешни работи и нов мандат за Себастиен Лекорну на чело на Министерството за одбрана. За да може Барние да формира влада, потребно е Макрон јавно да ги потврди предлозите на премиерот.

Поранешниот премиер Габриел Атал објави дека Барние планира да формира влада со 38 министри и дека Барние не планира да ги зголеми даноците за средната класа и работниците граѓани.

Главни приоритети на новата влада ќе бидат подобрување на животниот стандард на Французите, гарантирање безбедност и контрола на имиграцијата, зајакнување на економијата, контрола на јавните финансии и намалување на долгот за животната средина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан