Барела се повреди, ќе паузира три недели
- Италијанскиот фудбалер за врска во редовите на Интер, Николо Барела, ќе го пропушти дуелот од шестото коло против Удинезе, откако го повреди бутот за време на миланското дерби, објави денеска неговиот клуб.
Рим, 24 септември 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалер за врска во редовите на Интер, Николо Барела, ќе го пропушти дуелот од шестото коло против Удинезе, откако го повреди бутот за време на миланското дерби, објави денеска неговиот клуб.
Барела го истегна десниот бут за време на неделниот пораз од Милан со 1-2, соопшти Интер, додавајќи дека „неговата состојба ќе биде преоцената следната недела“.
Според италијанските медиуми, Барела ќе отсуствува до крајот на репрезентативната пауза следниот месец, што значи дека ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампиони против Црвена Звезда, а потоа и натпреварот од 7. коло во Серија А против актуелниот лидер Торино.
Интер по пет кола е на шестото место на табелата со три бодови помалку од лидерот Торино. ег
ФОТО: Фејсбук