• понеделник, 23 декември 2024

Банкрот на католичката бискупија во Пенсилванија

Банкрот на католичката бискупија во Пенсилванија
Харисбург, 20 февруари 2020 (МИА) - Римокатоличката бискупија во Харисбург, во американската сојузна држава Пенсилванија, вчера прогласи банкрот, со што стана последна во низата заедници во Католичката црква кои пропаднаа поради финансискиот товар од тужби за сексуални злоставувања. Објавувањето банкрот следува шест месеци откако бискупијата откри дека на сметките на 106 жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници, уплатила над 12 милиони долари отштета. Оваа бискупија има 250.000 верници. - Во текот на изминатите неколку години, нашата бискупија беше принудена да се соочи со страшното минато во врска со сексуалното злоставување од страна на свештеници. И покрај сите напори да го намалиме работењето и трошоците, повеќе не сме во можност да ги извршуваме своите финансиски обврски, напиша бискупот Роналд Гајнер во соопштението. Од почетокот на 2000 година, 20 католички бискупии прогласиле банкрот поради финансискиот притисок создаден од кризата предизвикана од сексуални злоставувања. гт/

Остани поврзан