• четврток, 07 ноември 2024

Банките апелираат до граѓаните да не отвараат сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од платежните картички

Банките апелираат до граѓаните да не отвараат сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од платежните картички

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните картички. Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвараат линкови од сомнители СМС пораки и да не споделуваат податоци од картичките.

Банките предупредуваат дека е забележана измамничка кампања зад која стои лажна веб страница која се испраќа преку СМС и е-маил пораки со цел злоупотреба на податоците од картичките.

- Заштитете ги Вашите платежни картички од можна злоупотреба и не кликајте на линк добиен преку СМС или е-маил порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“. За да се заштитите од злоупотреба, вооопшто не споделувајте податоци од картичката на сомнителни страни, стои во дел од соопштенијата од банките.

Оттаму укажуваат дека доколку граѓаните ги внеле податоците од нивната картичка, потребно е веднаш да се јават во контакт центарот на матичната банка за да се блокира картичката. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан