• понеделник, 23 декември 2024

Балетското студио БАХ одбележува 30 години јубилеј

Балетското студио БАХ одбележува 30 години јубилеј

Струга, 20 јуни 2024 (МИА) - Студиото за танц БАХ со годишен концерт во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во вторник ќе одбележи јубилеј 30-години постоење.

На концертот, како што информира Тања Бах, кореограф и идеен творец, ќе настапат сите сто членови на студиото, а ќе гостуваат и танцови студија од Скопје и Куманово.

- Публиката ќе има можност да проследи дваесет и пет точки на нашите членови и пет од гостите, а на филмско платно ќе биде прикажан и филм посветен на сите искуства, успеси и предизвици што БАХ ги имаше од своето основање до денеска. Идејата беше годинава пред публиката во Струга да претставиме повеќе стилови и сега кога е се подгтовено, можам слободно да кажам дека ќе изгледа токму како што замисливме, изјави Бах.

Во филмот посветен на студиото, посочи дека актуелни, но и поранешни членови зборуваат како го доживеале БАХ. Многу од нив повеќе од една деценија биле дел од тимот, сега реализирани во други професии, но, како што подвлече кореографката, од БАХ научиле да танцуваат и да бидат дисциплирани и посветени личности.

- Девојките снимија многу емотивни видеа. Забележав дека за сите нив има неколку заеднички нитки. Сите кажаа дека кај нас стекнале самодоверба, дисциплина и истрајност и го изградиле вкусот за музика во квалитетен правец. Тоа што нивното членување во БАХ влијаело да бидат она што се денес - успешни дами, за мене претставува голема радост, потенцира Бах.

По завршувањето на концертот сите членови и соработници на балетското студио БАХ ќе добијат благодарници за придонес во културата во Струга. сс/сст/

 

Остани поврзан