• сабота, 22 февруари 2025

Балетската претстава „Доктор Офболи“ утре во Националната опера и балет

Балетската претстава „Доктор Офболи“ утре во Националната опера и балет

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Во Националната опера и балет (НОБ) утревечер ќе биде изведена една од најгледаните балетски претстави за деца „Доктор Офболи“.

-Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публика со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување, соопштија од установата.

Кореографијата за оваа претстава е на познатиот балет-мајстор од Русија, Михаил Крапивин, а музиката на Игор Морозов. Работена е според сказната на К. Чуковски, а сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.

Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет. бт/бак/

Фото: Национална опера и балет

Остани поврзан