• недела, 22 декември 2024

Бала: Европската комисија донесе одлука Бериша да е нон грата и за ЕУ

Бала: Европската комисија донесе одлука Бериша да е нон грата и за ЕУ
Тирана, 22 септември 2022 (МИА) - Координаторот  на пратеничката група на албанските владејачки социјалисти и партиски генерален секретар Таулант Бала ја поздрави одлуката на Европската комисија да воведе санкции во согласност со САД и ЕУ, за лица вклучени во голема корупција.
Обраќајќи му се директно на Сали Бериша тој од собраниската говорница му рече дека е сигурен оти и Европската унија го прогласила за „нон грата“, јави дописничката на МИА од Тирана.
- Треба да се срамите што продолжувате да го поддржувате Сали Бериша. Во мојот збор само што го поздравив она што ќе се случи, сигурен сум. Европската комисија конечно донесе одлука по примерот на Велика Британија и САД да продолжи со санкции за лица инволвирани во корупција на високо ниво. Како што му кажав на самиот Сали, ќе му треба виза за да оди и во Драч, рече Бала.
Тој само пред неколку дена за медиумите изјави дека има сигурни информација дека многу бргу Бериша ќе биде прогласен за непожелен и во ЕУ.
Седумдесет и осум годишниот Бериша беше прогласен за нон-грата од САД на 19 мај 2021 година за коруптивни дела кои ја поткопуваат демократијата во Албанија, додека на 22 јули годинава и од Обединетото Кралство. вт/паг/
 

Остани поврзан