• понеделник, 23 декември 2024

Баку и Мадрид конкурираат да бидат домаќини на финалето на ЛШ во 2027 година

Баку и Мадрид конкурираат да бидат домаќини на финалето на ЛШ во 2027 година

Нион, 23 октомври 2024 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги објави градовите кои се заинтересирани да бидат домаќини на финалето на Лигата на шампионите сезона 2026/27.

Организацијата примила апликации од фудбалските федерации на Азербејџан и Шпанија. Забележано е дека Азербејџан предложил да се организира финалето на Олимпискиот стадион во главниот град на земјата, а Шпанија - во домашната арена на Атлетико Мадрид, каде што се одигра финалето во сезоната 2018/19 помеѓу Тотенхем и Ливерпул (0:2).

Полска (Варшава, „Национален стадион“); Шпанија (Барселона, „Камп Ноу“); Швајцарија (Базел, „Сент Јакоб Парк“) и Велс (Кардиф, „Милениум“) се кандидати за домаќин на финалето на Лигата на шампионите за жени во 2027 година.

Земјите имаат рок до 19 март 2025 година да поднесат апликации. Во мај, Извршниот комитет на УЕФА ќе ги одреди местата за одлучувачките натпревари.

Финалето на Лигата на шампионите 2024/25 ќе се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен (Германија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан