• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Баерн ја понижи Барселона и избори полуфинале во Лигата на шампионите

Баерн ја понижи Барселона и избори полуфинале во Лигата на шампионите
Лисабон, 14 август 2020 (МИА) – Фудбалерите на Баерн Минхен на моќен начин ја совладаа Барселона и се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите. На четвртфиналниот дуел одигран вечерва во Лисабон, германскиот тим ја понижи Барселона и на крајот славеше со 8:2. Стрелци за Баварците беа: Томас Милер (4. и 31. минута), Иван Перишиќ (22), Серж Гнабри (28), Џошуа Кимих (63), Роберт Левандовски (82) и Филипе Кутињо (85 и 89). Головите за каталонскиот тим беа дело на Давид Алаба – автогол (7.минута) и Луис Суарез (57). Противник на Баерн во полуфиналето ќе биде поуспешниот од мечот Манчестер сити – Лион. Во првата полуфинална пресметка ќе се сретнат ПСЖ и Лајпциг. зс/

Остани поврзан