• вторник, 20 август 2024

Баерн се обидува да го убеди Горецка да го напушти тимот

Баерн се обидува да го убеди Горецка да го напушти тимот

Минхен, 18 август 2024 (МИА) - Баерн сака да се раздели со играчот од средниот ред на тимот Леон Горецка.

Според инсајдерот Флоријан Плетенберг, Баварците го зголемуваат притисокот врз 29-годишниот фудбалер да го убедат да се пресели во друг клуб ова лето. 

Самиот Горецка сака да остане во Баерн и е вознемирен од моменталната ситуација.

Според Плетенберг, германскиот фудбалер е подготвен да си замине во зима доколку добие мала минутажа.

Претходно спортскиот директор на Баерн Кристоф Фројнд изјави дека играчот од средниот ред ќе се бори за место во составот.

Горецка игра за Баерн од јули 2018 година. Неговиот договор е до 2026 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан