Баерн има три ремија по ред во Бундеслигата
- Баерн Минхен нема победа три натпревари по ред во Бундеслигата. Денеска избраниците на Јулијан Нагелсман одиграа нерешено со Штутгарт (2:2) во 6. коло.

Минхен, 10 септември 2022 (МИА) - Баерн Минхен нема победа три натпревари по ред во Бундеслигата. Денеска избраниците на Јулијан Нагелсман одиграа нерешено со Штутгарт (2:2) во 6. коло.
Пред тоа Баварците имаа две нерешени - со Унион (1:1) и Борусија Гладбах (1:1). Во преостанатите три натпревари од Бундес лигата актуелниот шампион победуваше.
Баерн на крајот од минатата сезона имаше и серија од три меча без победа во Бундеслигата - две нерешени и пораз.
Ако зборуваме за сите натпреварувања во тековната сезона, Баерн има шест победи и три нерешени во девет натпревари во сезоната, со гол разлика е 31:8. зс/