• понеделник, 16 декември 2024

Бадникова поворка се одржа во Македонски Брод

Бадникова поворка се одржа во Македонски Брод
Македонски Брод, 6 јануари  2022 (МИА) - На ден пред големиот Христијански празник, Божик, во Македонски Брод по петти пат се одржа Бадникова поворка. Збирно место на дечињата од овој град беше дворот на градската црква „Успение на Пресвета Богородица“, каде 80-тина дечиња, повеќето во придружба со своите родители, присуствуваа на Бадниковата поворка. -Со прекрасните детски гласови и оваа година беше навестено раѓањето на нашиот спасител Господ Исус Христос. Уште еднаш им се заблагодаруваме на сите оние кои зедоа учество во оваа поворка и го омасовија овој настан. Христос се роди-Навистина се роди. Нека е честит и од Бога благословен овој ден, истакна отец Саше Костадиноски, свештеник од Македонски Брод. Инаку, поворката ја предводеа деца кои во рацете носеа реплика на Божичната пештера, каде што во Витлеем се родил Исус Христос и традиционално ја пееја песната,„Вечниот бог“. Од година во година во Македонски Брод одзивот на најмладите жители за Бадниковата поворка е се поголем. за/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан