• среда, 27 ноември 2024

Ајкули на брегот на Бразил позитивни на кокаин

Ајкули на брегот на Бразил позитивни на кокаин

Рио де Жанеиро, 23 јyли 2024 (МИА) - Тестирањето на ајкулите во близина на брегот на Бразил открило дека тие се позитивни на кокаин. Научниците стравуваат дека тоа ќе доведе до промена во нивното однесување.

Биолозите тестирале 13 ајкули од крајбрежните води во близина на Рио де Жанеиро и откриле дека сите единки имаат високо ниво на кокаин во мускулите и црниот дроб, пишува британски „Телеграф“.

Откриените концентрации на кокаин се до 100 пати повисоки од оние претходно откриени кај други морски животни.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан