• среда, 14 јануари 2026

Ајакс го доби на позајмица од Милан синот на Златан Ибрахимовиќ

Ајакс го доби на позајмица од Милан синот на Златан Ибрахимовиќ

Амстердам, 14 јануари 2026 (МИА) - Ајакс го објави потпишувањето на фудбалерот од средниот ред на Милан, Максимилијан Ибрахимовиќ.

Фудбалерот се приклучи на холандскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната 2025/26. Договорот вклучува опција за откуп.

Деветнаесетгодишниот Максимилијан е син на поранешниот напаѓач на Милан и Шведска, Златан Ибрахимовиќ, кој моментално работи како советник на раководството на италијанскиот клуб.

Оваа сезона, Ибрахимовиќ помладиот одигра 17 натпревари за младинскиот тим на Милан, постигнувајќи пет гола и четири асистенции. зс/

Фото: Фејсбук Ајакс

Остани поврзан