• вторник, 26 ноември 2024

Ахмети: Одбележувањето на Денот на албанската азбука упатува јасна порака како треба да градиме подобра иднина за сите

Ахмети: Одбележувањето на Денот на албанската азбука упатува јасна порака како треба да градиме подобра иднина за сите
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Лидерот на ДУИ Али Ахмети на сите граѓани им го честиташе припадност Денот на албанската азбука и одржувањето на Битолскиот конгрес, нагласувајќи дека одбележувањето на овој историски настан што се одржа во Битола пред 114 години упатува јасна порака како треба да изградиме подобра иднина за сите нас. Ахмети, по Свечената академија по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот  на албанската азбука што се одржа денеска во Скопје, рече дека овој историски настан важен за албанскиот народ е одржан во град каде што имало македонски сограѓани, Власи и сите тие го имаат подржано собирот. - Пет години пред да се случи одржувањето на Битолскиот конгрес, Македонците, Власите и Албанците имале еден заеднички историски настан, а тоа е Крушевската република. Затоа и двата историски настан се поддржани од различните народи во нашата земја, изјави Ахмети. И Македонците и Албанците, нагласи Ахмети, направиле заеднички напори за да се борат да го отстранат истиот режим и истата неправедна идеологија. - Затоа денес Македонија е заедничка држава. Заедно Македонија да ја направиме Европа, исто така, како што веќе ја направивме членка на НАТО. Сите да застанеме заедно - политички партии, политичари, медиуми... за да промовираме вредности и со тие вредности да станеме членка на ЕУ, изјави Ахмети. Тој порача дека имаме заедничка цел и затоа треба сите заедно да застанеме во борбата против криминалот и корупцијата и обединети кон истата цел за спроведување на сеопфатен ветинг, како во законодавната власт, така и во извршната и судската власт. сх/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан