Африканската унија го суспендираше членството на Гвинеја поради минатонеделниот државен удар
- Раководството на Африканската унија денеска објави дека го суспендирале членството на Гвинеја во таа организација откако војската го собори од власт претседателот Алфа Конде, јавува Анадолија
![Африканската унија го суспендираше членството на Гвинеја поради минатонеделниот државен удар](https://mia.mk/index.php/images/20221108161117_big_730x400_71.webp )
Адис Абеба, 10 септември 2021 (МИА) - Раководството на Африканската унија денеска објави дека го суспендирале членството на Гвинеја во таа организација откако војската го собори од власт претседателот Алфа Конде, јавува Анадолија.
Советот за мир и стабилност при Африканската унија објави на Твитер дека Гвинеја е суспендирана од сите активности на Унијата и нејзините тела за носење одлуки.
Советот го покани претседателот на Комисијата на Африканската унија Муса Факи да контактира и да се консултира со сите релевантни партнери во регионот.
Воената хунта составена од специјални сили соопшти во неделата дека го соборила од власт претседателот Алфа Конде поради загриженост за сиромаштијата и корупцијата поради лошата организација. ссм/