• сабота, 23 ноември 2024

Над 100 германски пратеници го поддржаа предлогот за забрана на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија

Над 100 германски пратеници го поддржаа предлогот за забрана на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија

Берлин, 13 ноември 2024 (МИА) - Повеќе од 100 пратеници во Бундестагот (Долниот дом на германскиот Парламент) ја поддржаа иницијативата за забрана на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), изјави Марко Вандервиц, пратеник од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), јави ДПА.

Вандервиц рече дека обезбедил поддршка од 113 пратеници од различни политички партии во Долниот дом на Парламентот со 733 места. Тие се обидуваат да протуркаат во Бундестагот резолуција за забрана на АфД и бараат Уставниот суд да се произнесе дали екстремно десничарската партија врши активности што се во спротивност со основниот закон.

Германското разузнавање ја вклучи АфД во својата листа на организации осомничени за десничарски екстремистички активности. Меѓутоа, само Бундестагот, Бундесратот (Горниот дом на германскиот Парламент) или сојузната влада можат да покренат постапка за забрана на политичка партија.

На прашањето дали пратениците ќе можат да дебатираат за предлогот пред изборите, кои се очекува да се одржат на 23 февруари, Вандервиц рече дека ќе има дебата пред крајот на актуелниот законодавен период. Сепак, според него, не е јасно дали предлогот ќе се гласа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан